Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот „Онкологија“: Првичните докази упатуваат на сомнение за кривични дела против здравјето и проневера во службата!

by fokus

Откако „Фокус“ го отвори скандалот Онкологија, во кој ја посочивме разработената криминална шема на Клиниката за препродажба на лекови на црниот пазар, како и начинот на кој се манипулирало со терапијата на пациентите, обвинителството почна предистрага.

Главната обвинителка Гоговска-Јакимовска, која го води предметот, првпат излегува во јавност, посочувајќи дека доказите се веќе обезбедени и дека се прави темелна истрага, која е проширена и во Косово и во Албанија.

Во интервју за „Фокус“, вели дека се проверуваат голем број медицински истории на пациенти што примале биолошка терапија, потоа историите на сите пациенти што побараа да биде разгледан и нивниот третман поради определени сомненија, како и медицинските истории, кои беа повод за новинарските истражувања.

Она што можам да ја уверам јавноста, како надлежен јавен обвинител, порачува таа, е дека кривичен прогон ќе има против сите за кои постојат докази.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК