Александар Станков: Планираме да спроведеме научна студија за дејствување на вирусот врз мозочното ткиво

by fokus

Со скафандери, маски, гумени чизми и со дезинфекциски средства, лекарите од Институтот за судска медицина вршат обдукција на мртви тела, за кои некогаш се утврдува дека се позитивни на новиот вирус.

Но, освен што прават обдукции, овој институт е научна институција од која ќе излезат и студии за влијанието на корона вирусот врз мозочното ткиво.

Директорот на Институтот, Александар Станков во интервју за „Фокус“ открива колку обдукции направиле на починати, позитивни на ковид-19, но зборува и за случајот со мајката и синот од Велес, случај за кој во јавноста имаше многу различни информации.

Станков вели дека во корона кризата има пандемија на аматеризам и секојдневно на телевизиите се појавуваат експерти што даваат информации засновани на искуство, а не на факти.

Разговараше
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК