Новиот закон со кој СОЗР сака да им даде посебна боја на табличките на службените возила за да бидат веднаш препознатливи, можеби треба да се гледа низ таа призма, како апликација на Женевската конвенција.
Ако тоа не помогне, нема друго, освен сите партиски војници вработени во јавните служби да бидат задолжени да носат партиски униформи (секоја партија со различна боја како да се родови во армијата од типот на морнарица, авијација, артилерија, пешадија, инженерија и сл.), за граѓаните веднаш да знаат дали за навремено извршената услуга да ѝ бидат благодарни на една партија, или за барањето мито да обвинуваат друга партија.
Додека службеници на шалтерите се облечени во цивилка, ако некој кадар од една владејачка партија те изнервира, ти поради него можеш да ја замразиш целата коалиција. Тоа не е добро!
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК