Ако пропагандата е уметност, а предизборната кампања изложба, тогаш за победата на изборите потребно е ремек-дело!

by Фокус

Што е јавниот отчет ако не претстава пред публика? Што е која било отворена седница на владата ако не, исто така, театар?

Што е шетањето на Груевски по селата и градовите низ Македонија каде што се среќава со граѓаните и на лице место или ги решава нивните проблеми или им ветува дека ќе ги реши, ако не актерски перформанс од калибарот на стендап-комедија, или во конкретниот случај стендап-фарса?

Некој ќе рече дека тоа е само пропаганда, а не уметност.

Но, малкумина се свесни дека пропагандата е уметност, а уште помалку луѓе се свесни дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е врвен изведувач и голем талент токму од таа непризната гранка на уметноста.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”