После успехот на „Јога со Гога“ за римиве навистина има иднина, за Гога барем.
Еве, нека се слика во црква како пали свеќа и се моли пред икона. Нека се крсти таа активност „Гога го моли Бога… за доброто на Македонија“. Нека посети и некој центар за одвикнување од зависности и нека се нарече таа акција „Со Гога против дрога“ или наркоманите кои се лекуваат нека скандираат „Не ни треба дрога кога си ја имаме Гога“.
Ако сево ова запали, нека оди за вториот круг со слоганот „Нема маана Силјановска Гордана“. Како ќе одговори Стево на ова? Зар со пораката „Доста си го драпаш мево, ајде стани да гласаш за Стево“? Пих, слабо, послабо не може да биде. Му останува да оди креативно и да пише слоган „Со меѓуетничка слога да гласаме против Гога, за да нема причина за фешта бегалецот во Будимпешта“. Очигледно, има клима за рима.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”