Ако изборите се одржат по строг протокол, дали и резултатите ќе се сметаат за строго протоколарни?

by fokus

На времето, имаше во весник карикатура на која беа прикажани двајца бродоломци на еден импровизиран сплав, како истоштени по долгото пловење по океанот, налетуваат на купови пластичен отпад кои плутаат по брановите, и наместо да се разочарани од модерното консумеристичко општество, кое така ја загадува природата, тие скокаат од радост извикувајќи: ура, знаци на цивилизација, спасени сме!

Сега, од опозицијата секојдневно ја обвинуваат власта дека поткупува гласачи, од власта дека опозицијата се плаши од избори, наводно ДУИ е во кавга со СДСМ и истовремено тајно соработува со ВМРО-ДПМНЕ, за неколку министри се зборува дека наместиле тендери за да си лапаат буџетски пари, институциите прават бесмислени јавни набавки… ах, што да каже човек на ова освен дека по сѐ изгледа се враќаме во нормала.

Ура, знаци на канализација, спасени сме!?

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК