Добриот наратив е повреден и од суво злато, и оној политичар што ќе го изгради за својот лик и дело ќе може да одговори и на крајно незгодни прашања како она зошто сѐ во државата е во состојба на комплетен колапс.
– Луѓе, точно е дека ние ја упропастуваме државата и тоа во многу случаи свесно и плански го правиме или барем го дозволуваме. Ама знаете што, ние тоа го правиме со најдобра намера! Нели многу ги има што сакаат да ни ја земат државата? Е па, што ако ја упропастиме државата до тој степен што никој нема да сака да ни ја земе, таман и на тацна да му ја нудиме? Зарем не сме ние во тој случај најголемите патриоти? – ќе рече паметниот политичар, додека многу, многу, многу помалку паметните следбеници воодушевено ќе се согласат со него.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК