30.000 луѓе на улица или продолжување на агонијата на ниски плати

by fokus

Условите во кои работат најголем дел од текстилните работници навистина се лоши, но проблемот е што се заканува опасност преку ноќ да ги изгубат и оние малку права кои ги имаат и да останат на улица. Можеби во Скандинавија државата и пазарот секогаш наоѓаат начин да го принудат работодавецот соодветно да го награди работникот.

Но кај нас било каков дополнителен притисок од државата навистина може да ги однесе фирмите под клуч, а возрасните работнички на улица на само неколку години пред полна пензија. Според експертите, државата може и има право да ги заштити своите граѓани од тортура, но во такво сценарио ќе треба да им најде и нова работа.

Проблемот е што се дозволило 25 години речиси ништо да не се реинвестира и капиталот наменски да се одлева од текстилната индустрија, сега многу веројатно е предоцна за било каков разумен чекор. Некој многу порано требало да согледа дека ние во лон производството никогаш нема да сме доволно конкурентни на Бангладеш и навреме да ги помогне или принуди домашните фирми да се брендираат или барем да се здружуваат во брендови

Пишува
Дејан АЗЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК