Откако политичките партии не можеа да најдат заеднички јазик за Законот за јавното обвинителство, со кој требаше да се реши и статусот на СЈО и предметите, од Министерството за правда е изготвен нов закон, дознава „Фокус“ од доброупатени избори.
Новата верзија е испратена кај колициските партнери на консултација, по што ќе се знаат и повеќе детали.
„Фокус“ дознава дека во новото законско решение нема ниту „С“ од СЈО, па така вработените, стручните соработници и останатиот технички персонал, буквално ќе останат без работен ангажман, а нивните работни договори ќе се прекинат.
За разлика од постоечкото законско решение кое е заглавено во собраниска процедура, во новиот текст не се предвидува ново обвинителство за гонење на висока корупција, туку сите случаи од овој профил ќе ги работи постоечкото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Извори за „Фокус“ појаснуваат дека предметите на СЈО не се споменати во новото решение, бидејќи за нив секако од поодамна е надлежно редовното обвинителство. Уверуваат дека во опaсност не се ниту доказите кои биле обезбедени од СЈО, ниту бомбите, бидејќи надлежното обвинителство ќе ги предлага во судската процедура, а очекуваат од судовите да ја следат досегашната пракса, односно да ги прифаќаат.
Валентина Вурмо