938
Со само два гласа предност, денеска за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е избран Ислам Абази, кој досега беше шеф на вишото обвинителство во Гостивар, неофицијално дознава ,Фокус”.
Според информациите на ,,Фокус” тој го победил скопскиот обвинител Ермон Незири за само два гласа. Поточно Абази освоил 66, а Незири 64 гласа.
Во трката учествуваа и обвинителката Деса Пауновска, како и суспендираната шефица на Организиран, Вилма Русковска.
Право на глас имаа 163 обвинители од држават.
Наскоро треба да бидат објавени и официјалните податоци од Советот на јавните обвинители.
Валентина Вурмо