198
Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомнежи дека се дел од скандалот Онкологија, неофицијално дознава “Фокус”.
Според нашите информации, претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомнежи дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија. Има и уапсени лекари.
Пред неколку месеци “Фокус” направи серијал истражувања на темата, по што во септември по нашите написи од Единица за Економски криминал и јавен обвинител упаднаа на клиниката, од каде земаа компјутери и куп медицински истории, со што започна предистражна постапка.
И.М.