„Фокус“ дознава дека тројцата осомничени во случајот со убиената Вања се сами во посебни соби во Шутка, за да не се соочат со револтот на другите притвореници

by Fokus

Тројцата осомничени за случајот со киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, кои завршија зад решетки и добија 48-часовен притвор се сместени секој сам и во посебни простории во Шутка, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, штипјанецот Влатко Кешишов, велешанецот Велибор Манев и валешанецот Боре Видевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револтот на другите притвореници. Дел од нив се жалеле и на здравствени проблеми, но немале некои поголеми потешкотии.

Во моментот на распит во Кривичниот суд, кај судија на претходна постапка е таткото на убиеното 14-годишно девојче Александар Ѓорчевски, за кој исто така се бара 48-часовен притвор и кој најверојатно ќе заврши во Шутка.

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и скопскиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски истакнаа дека и таткото е вмешан во грабнувањето на својата ќерка, поточно тој им кажал на киднаперите дека таа ќе излезе сама и каде да ја чекаат.

Сепак, првоосомничениот Љупчо Палевски -Палчо се уште е во бегство, а се смета дека тој пукал и во девојчето, но и во 74-годишниот Панче Жежовски, кој бил прв убиен.

Целта на киднапирањето била од користољубие, поточно главна цел била мајката Зорица, од која требало да се изнудат пари.

Откако  јавноста се крена на нозе веднаш по алармантниот апел на мајката за киднапирање на нејзината ќерка уште во понеделникот околу 12 часот, девојчето веќе било убиено.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости