По неодамнешната одлука на Судот за човекви права во Стразбур, која ги оцени апликациите на екс функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за аболицијата како недопуштени, односно преуранети, Владата прогласи победа.
Неделникот „Фокус“, во најновиот број, открива кои странски правни експерти учествувале во подготовката на одбраната на македонската влада, и колку биле платени за нивните правни совети.
Од Бирото за застапување на државата пред Судот во Стразбур ни одговорија дека дел од тимот биле и двајца адвокати од Англија, Тимоти Оти и Џорџ Молено.
-Имајќи ја предвид практиката на државата за ангажирање надворешни, вклучително и меѓународни експерти во постапки пред меѓународни судови и арбитражи и со оглед на комплексноста и важноста на случаите (и можноста во тој момент истите да завршат дури пред Големиот судски совет), владата сметаше дека е одговорно и потребно да се зајакне домашниот правен тим и да се максимизираат шансите за победа на државатa – ни одговори владиниот агент Даница Џонова.
Појаснувајќи ни ја законската регулатива, врз чија основа се избрани адвокатите, Џонова појаснува и дека во игра биле петмина адвокати, но биле избрани најдобрите.
Во однос на прашањето, пак, за тоа колку биле платени, Џонова открива дека понудата на избраните адвокати била најповолна.
-Понудата за саатницата на Тимоти Оти и Џорџ Молено, исто така, беше најповолна од понудените (650/час фунти за Тимоти Оти и 250/час фунти за Џорџ Молено), и истата е специјална саатница за овие случаи (не е достапна на комерцијални клиенти). Владата има исплатено вкупно 140.825 евра. Напоменуваме, дека овие трошоци се однесуваат, не само на сетот од 6 апликации за кои беше објавена одлуката на ЕСЧП на 16.2.2023, туку и за втората група од вкупно 3 апликации, како и за едната последователно доставена апликација на одговор, за кои сѐ уште се чека одлука/пресуда на ЕСЧП, односно за вкупно 10 апликации пред ЕСЧП против државата во кои се покренуваат слични прашања.
Поради ефикасност и намалување на трошоците, владата инсистираше пред ЕСЧП да се спојат сите предмети и во таа насока доставуваше поднесоци до Судот во Стразбур во однос на различните сетови од 10 апликации бидејќи тие течеа паралелно.
Иако одлуката на ЕСЧП се однесува само на првиот сет апликации, трошоците посочени погоре се однесуваат и на вториот и на третиот сет апликации за кои одлука/пресуда на ЕСЧП сѐ уште се очекува – појаснува Џонова.
Од проверката на имињата на адвокатите се доаѓа до нивната импресивна биографија. За Тимоти се вели дека е признат водечки практичар во меѓународното јавно право. Како адвокат учествувал во повеќе од 50 случаи пред Европскиот суд за човекови права.
Имал чест да правно да застапува и принцеза од Јордан и шеик од Дубаи.
Заедно со неговиот помлад колега Џорџ биле дел од тимот што дејствува за владата на Украина во нејзиниот случај во Стразбур против Русија, а поврзан со неодамнешната руска инвазија на Украина.
Валентина Вурмо
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.