Фудбалерите на Флуминенсе се пласираа во финалето на Светското клупско првенство, откако во Џеда го совладаа египетскиот Ал Ахли со 2:0.
Избраниците на Фернандо Диниз за трофејот ќе се борат со актуелниот европски првак, тимот на Манчестер Сити или, пак, јапонска Урава.
Нема дилема дека тоа што во тимот го имаат искусниот лев бек, Марсело, кој осумпати играше со Реал Мадрид во ова натпреварување, многу му помогна на бразилскиот тим, кој ќе има можност да го подигне пехарот за петти пат. Тука е и 40-годишниот Фелипе Мело, поранешен играч на Јувентус, Интер, Галатасарај…
Сепак, на Флуминенсе не му беше лесно на овој натпревар. Овој тим поведе во 71. минута кога Џон Аријас погоди од пенал.
Конечниот резултат на играта го постави резервистот Џон Кенеди во 90. минута.
Јасно е дека во второто полуфинале Сити важи за голем фаворит и се очекува „граѓаните“ да му бидат ривал на седмопласираниот тим од бразилскиот шампионат во финалето на светското клупско првенство.
Јасно е дека доколку се случи тој дуел, Флуминенсе го чека тешка задача, но нема сомнеж дека ќе направат се за да направат изненадување и да станат најдобри на планетата.