957
Во текот на вчерашниот ден, две лица од Кавадарци физички нападнале полицајци, при што ќе следи соодветна санкција.
„На 18.02.2022 во 12.40 часот на ул.„7ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода Ѓ.К.(48) и Н.К.(26), двајцата од Кавадарци, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.