За време на пресот што го одржа независниот синдикат пред министерството за информатичко општество и администрација се случи физички напад врз претседателот на независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев од страна на Александра Дуковска која се представува како новинар.
Со зборовите кој си ти зошто ме следиш јас сум новинар кој си ти започа вербалната расправија по што прерасна во физички напад.
По инцидентот претседателот на независниот синдикат на полицијата постира на социјалните мрежи статус во кој вели:
“Додека во цел свет НОВИНАРИТЕ се тие што се напаѓани, во Макдеонија Агресивна новинарка го нападна претседателот на независниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење – пишува во статусот на фејсбук.
Самостојниот синдикат на новинари и здружението на новинари на Македонија порачаа дека треба да има нулта толеранција за секаков вид на насилство.