Денеска во 14.50 часот на улицата Бетовенова во скопски Бутел дошло до физичка пресметка помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од другата страна, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи.
„Ј.И., Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. и настанала физичка пресметка. А.Д., кој во тој момент доаѓал со патничко возило „Пасат“ и видел што се случува, со возилото удрил во Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а потоа со пиштол пукал два пати во воздух. Од ударот со возилото повредени се Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а од физичката пресметка повреден е Џ.Д.“, објаснуваат од МВР.
Со возило на Итна медицинска помош Џ. Д. е пренесен во Ургентен Центар, Ј. И. е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски, Ј. И. и Е. Д. се пренесени во ГОБ 8-ми Септември, а А. Д. е приведен во ПС Чаир. Неофицијално, дел од инволвираните се полициски службеници.