Владината комисија преразгледувала и одобрила нови барања за настава со физичко присуство, особено во ридско-планински подрачја.
-Синоќа прифативме нов извештај во кој нови десетици подрачни основни училишта се одобрени за физичка настава. Паралено со тоа сме благодарни на МРТ за обезбедување настава, како и на директори, наставници и градоначалници кои дистрибуираат електронски и печатени материјали до децата. Работиме секојдневно за непречено и комплетно функцонирање на онлајн-наставата на територијата на целата држава – рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.
Министерката за образование Мила Царовска соопшти дека во мал број училишта има бојкот, посочувајќи дека во Дебар е надмината состојбата и дека учениците се навикнуваат на промената.