365
Првиот човек на Министерството за образование, Јетон Шаќири уште еднаш порача дека негов став е наставата во новата учебна година да се одвива со целосно физичко присуство.
„На состаноците со институциите ќе зборуваме приоритет да биде и образованието како што е здравството и другите сектори. Наредната седмица ќе имаме состанок со министрите за економија, финансии и другите инволвирани ресори во делот на енергетиката на кои треба да се разговара токму за оваа проблематика“, рече Шаќири.