459
Македонската академија на науките и уметностите нема да остане нема и ќе го каже својот став кога ќе ја види содржината од договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, истакна првиот човек на МАНУ, Таки Фити, во интервју за 24 вести.
-Ние нема да прифатиме ништо што е омаловажувачко за македонските темелни вредности, посебно на идентитетските прашања, за македонскиот јазик, култура, идентитет, бидејќи тие прашања се дел од мисијата на МАНУ – рече Фити.
Тој додаде дека Академијата има и законска обврска да бдее, да ги афирмира и развива македонските национали интереси.