Фискалните од „Викенд без ДДВ“ треба да се скенираат во рок од три дена, парите ќе се вратат до крајот на октомври

by fokus

Граѓаните од утре до 12 октомври имаат можност да купат од широката лепеза домашни производи и услуги и притоа да го добијат целиот пресметан износ на ДДВ назад, најдоцна до крајот на месецот.

Ова го соопшти в.д. директорот на Управата за јавни приходи Фарук Омери на денешната прес-конференција на која упати апел за да се реализира мерката трговците да ги разделат домашните производи од странските.

-УЈП ја прилагоди аликацијата Мој ДДВ и подготвено го очекува продолжениот викенд. Сите граѓани кои се корисници на апаликацијата Мој ДДВ за фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври и пријавени преку системот за скенирање за купените македонски производи и услуги и ИТ опрема ќе им се врати во целост пресметаниот ДДВ во фискалните сметки, рече Омери.

Тој додаде дека ако досега се враќаа 20 отсто од пресметаниот ДДВ за македонски производи, со оваа мерка во овој продолжен викенд, викенд без ДДВ, ќе се враќа целосниот ДДВ.

Појасни дека за враќање на целиот износ граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од три дена од издавањето, а доколку се скенираат по овој рок на граѓаните ќе им бидат вратени 20 отсто од искажаното ДДВ од фисакалната сметка.

-Важно е да се напомене дека и вкупниот промет од македонски производи, услуги и ИТ опрема за кои ќе се враќа целосниот ДДВ е најмногу до 30.000 денари, а за надминатиот ќе се враќа како што е утврдено претходно, односно 20 отсто од пресметаниот ДДВ, истакна Омери.

Апелираше дека за целосна реализација на оваа мерка сите трговци треба да ги означат македонските производи и услуги и компјутерска опрема, односно да ги разделат во фискалната сметки со цел непречено враќање на ДДВ.

Враќањето на ДДВ што граѓаните ќе го остварат во Викендот без ДДВ ќе се реализира во рок од 15 дена од денот на издавање на фискалната сметка, односно, како што рече Омери, до крајот на октомври.

Тој повика на примена на пропишаните протоколи од страна на трговците, и посочи дека на терен ќе бидат инспекторатите за да се спречат евентуални малверзации со покачени цени.

Поврзани новости