Фирмите во Москва ќе ги отпуштаат вработените кои ќе одбијат да се вакцинираат

by fokus

Работодавците во Москва се должни да отпуштаат вработени кои одбиваат вакцинација против корона вирусот, соопштија од  Оперативниот штаб за контрола и следење на состојбата со Ковид-19 во рускиот главен град.

Според штабот, присуството на високо ниво на антитела не е показател да се избегне вакцинација против корона вирусот.

„Во моментов не постои докажан метод за мерење на нивото на антитела доволно за да се изгради имунитет кај луѓето, или систем за проценка на ефективноста и стапката на адаптација на антитела кон мутирани соеви на вирусот“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, не препорачуваат жителите на Москва да се тестираат за антитела пред вакцинација.

Во градот вчера беа регистрирани 88 смртни случаи, црн рекорд од почетокот на пандемијата. Москва нареди задолжителна вакцинација за жителите на градот кои работат во сферата на услуги. Седум други руски градови меѓу кои и Санкт Петербург воведоа слични правила. Во Москва каде има 12 милиони ѓители, само 1,5 милиона луѓе се вакцинирани. Според најновите анкети, 60 отсто Руси нема да се вакцинираат.

Поврзани новости