Државата ќе гарантира за фирмите полесно да можат да земат комерцијални кредити во банките. Државната гарантна шема треба да започне до крајот на годината, најави министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со стопанствениците во Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија.
Како што објави на ФС на Министерството за финансии со 10 милиони евра државна гаранција ќе се гарантираат неколкукратно повисока сума кредити, заеми за малите и средни претпријатија. Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки.
Бесими посочи дека со оваа мерка ќе се подобри ликвидноста на компаниите, ќе се олесни можноста за компаниите да ги спроведуваат тековните активности, но и ќе се поттикне инвестициската активност, која е суштинска за раздвижување и ревитализација на економијата.