Фирмите не мора секој месец да го плаќаат унгарскиот кредит: Кои се условите на Владата за парите од Будимпешта?

by Fokus

Владата на последната седница донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит наменета за компаниите.

Кредитите ќе се одобруваат под следните услови:
– минимален износ по корисник до 10 милиони евра;
– рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот;
– фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување;
– сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата.

Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени:

– инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема;
– недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба);
– транспортни средства поврзани со производствениот процес;
– обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и
– нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата.

Според процедурите, Министерството за финансии ќе ги префрли парите на Развојната банка а таа ќе треба да склучи договори со деловните банки и веднаш потоа да бидат тие достапни за фирмите.

Орце Костов

Поврзани новости