Работодавачите до крајот на неделата може да поднесуваат барања за финансиска помош од државата за исплата на плати и придонеси за вработените за мај.
„Од вчера, 01.06.2020 до 07.06.2020 година, работодавачите може да поднесуваат Барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 година, односно до 05.06.2020 година Барања за субвенционирање на 50% од придонеси од задолжително социјално осигурување и Барање за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност“, информираат од Владата.
Во таму додаваат дека во мај до Управата за јавни биле поднесени 23.861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120.000 вработени.
Од Владата велат дека само мал број на барања се сè уште во постапка на проверување и обработување.
Во април пак, за финансиска поддршка за исплата на плати ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица.
Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1.427 компании. Најголем дел се фирми од секторот на транспорт, угостителство и туризмoт.