Фирмите „Сара Инженеринг“, „Сара Јавор“ и „Дравас“, најзвучните фирми коишто се поврзуваат со семејното име Заеви, должат над 1 милион евра данок, долг кон државата, обвини на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Според мартовската листа на должници, фирмата „Дравас“ должи над 43.230.000 денари, „Сара Инженеринг“ должи над 19.104.000 денари, „Сара Јавор“ околу 2.190.000 денари. Трите фирми задно вкупно должат над 64.500.000 денари. Над еден милиони евра долг за данок кон државата! Фирмите поврзани со Заеви редовно се на листата на должници кон УЈП, изјави Стоилковски.
Според него, фирмите на Заеви годишно вртат над 50 милиони евра, добиваат државни лиценци и дозволи, имаат големи добивки и пак не ги плаќаат долговите кон државата.
-Нема пари за субвенции, нема пари за помош, дури и помошта што ја дадоа на трговците им ја бараат назад, ама фирми коишто се поврзуваат со семејните фирми со предзнакот Заеви – може да должат данок. Во време на тешки кризи за коишто одговорноста на СДСМ понатаму ќе се испитува, во време на безмилосни ригорозни рестриктивни мерки кон граѓаните, фирмите поврзани со бате или член на фамилијата должат над милион евра за данок!, додаде Стоилковски.