Нема да се повлечам од мојата изјава дека фирми блиски до СДСМ и посебно до Зоран Заев биле дел од клишето за перење пари, рече мнозинскиот акционер во Еуростандард банка, Трифун Костовски повторувајќи ја изјавата што ја даде во интервју за неделникот „Фокус“ дека парите од Еуростандард завршувале во фирми блиски до СДСМ.
-Таа изјава не ја дадов бидејќи времето предвидено за говорење беше кратко. Друг елемент кој укажува дека ова е со умисла направен гест за носење во стечај на Еуростандард банка е интервју на Бежовска каде вели: ‘Ги натерав акционерите да доплатат 6 милиони евра, за да има повеќе пари во стечајната маса’. Одлуката за убивање на Еуростандард банка е донесена кога со новиот Управен одбор обзнанивме дека нема да има такво (незаконско) работење во банката, кажа Костовски.