Фирмата што го доби тендерот на МНР за конференцијата на ОБСЕ негира дека дала донација на ДУИ

by Fokus

Во годишниот извештај на Демократската унија за интеграција, кој до Државниот завод за ревизија е испратен во март годинава, стои дека „Еуровиа Тетово“ дала донацијата од 1.8450.000 денари на сметката на партијата на Али Ахмети. Од фирмата „Еуровиа“ која го доби тендерот од Министерството за надворешни работи за конференцијата на ОБСЕ велат дека донација од нив за ДУИ немало.

„Мојата врска со ДУИ, донирањето што се нагласува кон Демократската унија за интеграција и вредноста на донацијата, се невистинити!“,  пишува во соопштение од Елмедин Адеми, сопственик на „Еуровиа.

„Мојата врска со ДУИ, донирањето што се нагласува кон Демократската унија за интеграција и вредноста на донацијата, се невистинити; конкретно, ЕУРОВИА нема извршено никакви донации кон политичкиот субјект ДУИ“, пишува во соопштението Елмедин Адеми, генерален директор на „Еуровиа“ и еден од сопствениците на компнијата.

Тој во соопштението бара медиумите да се извинат за невистините и нарушувањето на репутацијата на компанијата.

Државниот завод за ревизија во мај годинава го објави извештајот за финансирањето на партиите. Па согласно извештајот, интегративците ланската година земале 2, 5 милиони денари донација од Адеми како физичко лице, и од Еуровиа уште 1, 8 милиони денари.

Во соопштението нема никаква информација дали Еуровиа Холдинг, фирмата-мајка на Еуровиа била донатор за кампањата на локалните избори. Во регистарот на фирми, сите кои го носат името „Еуровиа“, со исклучок на Еуровиа Солар се под капата на холдингот на Елмедин и Елдин Адеми. Фирмата за електрична енергија до почетоко на мај годинава била сопственост на холдингот. Во соопштението на Еуровиа нема ниту збор за тоа што вториот сопственик, Елдин Адеми е шеф на огранокот на ДУИ во Јегнуовце.

Освен јавноста одговори за тоа како е доделена јавната набавка во МНР побара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ

„Овие сознанија отвараат сомнеж за сериозна злоупотреба на службената положба. Во интерес на јавноста Бујар Османи е должен да ја презентира пред јавноста целокупната тендерска документација, да одговори по кои критериуми е направен тендерот и избрана токму оваа фирма и кои се обврските и услугите кои треба да ги преземе фирмата за тендер во вредност од 1,8 милиони евра“, побара ВМРО-ДПМНЕ.

Од Министерството за надворешни работи деновиве изјавија дека ја избрале најповолната понуда и дека како таква не можеле да ја одбијат.

Државната комисија за спречување на корупција пред неколку дена најави дека ќе отворат предмет за овој случај, за да испитаат дали имало политичка поврзаност при доделување на јавната набавка.

Поврзани новости