Еден од случаите што ги објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција се однесува на сомнителни набавки во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од страна на фирмата „Атриум“.
Според документите од Централниот регистар, оваа фирма е во сопственост на Бобан Мукоски, брат на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој на крвавиот четврток ги отвори собраниските врати за да влезе толпата народ. Нејзината главна дејност е изградба на станбени и нестанбени згради.
Во овој случај, според Бошњаковски постојат индиции дека се користени дампинг цени за стоки и услуги за кои реално се знаело дека нема да бидат набавувани со цел оваа компанија да биде најдобро рангирана во тендерската постапка.