Ветерниот парк кој ќе биде прва енергетска инвестиција на новата Влада, најавена уште во предизборниот период, ќе го гради инвестициски фонд од Дубаи.
Инвестицијата на Алказар Енерџи ќе биде објавена утре од страна на Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, како и од самиот Мицкоски и министерката за енергетика Сања Божиновска.
„Инвестицијата на Алказар Енерџи во овој проект е вредна над 500 милиони долари и развојот на овој проект ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните“, се вели во најавата.
На настанот свое обраќање ќе имаат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија и Сања Божиновска, Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.
Инвестицијата на Алказар Енерџи во овој проект е вредна над 500 милиони долари и развојот на овој проект ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.
Според проектот,70 столба на ветерници треба да имаат вкупна моќност од 335 мегавати, но ќе треба добро да се испланира и балансирањето на производството, бидејќи ветерните паркови не испорачуваат постојано струја.
Орце Костов