Нова странска компанија вработува во Македонија, а платите кои ги нуди воопшто не се за потценување. Огласот дека Емапта, нова аутсорсинг компанија на македонскиот пазар, која вработува кандидати од сите профили, деновиве привлече големо внимание.
Платите кои се нудат се движат од 55.000 денари, па се до 150.000 денари, а за позицијата Paid media guru. -Емапта е единствената аутсорсинг компанија во Македонија која работи за странски пазар и на своите вработени им ја исплаќа целата плата, без за тоа да наплати агенциска провизија. Нивната цел се мотивирани, добро платени и задоволни вработени.
„Како што вие растете, растеме и ние!“ – е нивното мото – пишува е во огласот, објавен на страницата Вработување.мк. Објавени се повеќе детали за компанијата и работните позиции, како и интервју со Филип Деспотоски, менаџер на Емапта Македонија.
Вики Клинчарова