Фирма на Данела Арсовска должи 54 илјади евра за струја, обвинува СДСМ

by fokus

Фирма на Данела Арсовска, кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, должи 54 илјади евра за струја, обвини СДСМ.

Според Дарко Каевски, пратеник на СДСМ, нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода.

-Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари или 54 илјади евра. Данела ниту е чесна, ниту е независна. Кандидатката на Груевски е иста како него. Ова почитувани граѓани е класичен пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење. Неодговорен и нечесен однос кон имотот на граѓаните, кои се реални сопственици на салата. Ако Арсовска вака лошо управува со една сала, јасно е дека нема да може да управува со цел град. Ако не плаќала струја, не почитувала Договор, направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, рече Каевски.

Поврзани новости