Фирма блиска до поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски зела тендери вредни 850 илјади евра од Дрисла, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според податоците коишто ги обелодени партискиот портпарол, Наум Стоилковски додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата „Алпима Градба“ на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра.
Според него, за оваа фирма била менувана тендерската документација во отворена постапка.
-Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откако Дрисла станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски.
Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат!
Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата, изјави Стоилковски.
Вториот според момент според него е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев бил прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи.
Инаку на Рашковски веќе му се суди за набавката на софтверот за соораќајни прекршоци и казни.