Финската премиерка снимена на забава наместо во изолација

by fokus

Финската премиерка Сана Марин викендов се забавувала со пријателите во ноќен клуб во Хелсинки до раните утрински часови, иако требало да биде во изолација.

На интернет се проширија фотографии од нејзиното излегување на кои се гледа како опуштено ужива во друштво. Премиерката тој ден била на вечера во ресторан, а потоа продолжила да се забавува со сопругот Маркус Раиконен и пријателите.

Марин требало да биде во изолација откако министерот за надворешни работи во нејзината влада во саботата не добил позитивен тест за ковид , поради што премиерката и некои министри требало да бидат во изолација и да избегнуваат контакти.

Откако финскиот таблоид објави фотографија од премиерката на забава во ноќен клуб, Марин се извини во интервју за јавната телевизија.

 

Поврзани новости