Финска привремено затвори седум од осум патнички гранични премини со Русија како одговор на големиот прилив на мигранти од Русија, пренесува Ројтерс.
Нордиската земја минатата недела затвори четири гранични премини, додека во текот на ноќта затвори уште три, освен најсеверниот граничен премин Раџа Јосепи, кој ќе продолжи да прима азиланти четири часа во текот на денот.
Финската гранична полиција воспоставува поефективно патролирање на 1.340-километарската граница со Русија, а Фронтекс, европската гранична агенција, ќе испрати 50 службеници и опрема за зајакнување на контролите.
Претставниците на Хелсинки ја обвинија Москва дека ги насочува мигрантите во Финска, бидејќи бројот на државјани на Јемен, Авганистан, Кенија, Мароко и Сирија кои бараат азил во таа земја значително е зголемен во последните неколку недели.
Кремљ ги отфрли обвинувањата.