611
Финската влада предложи целосно затворање на пет града, вклучувајќи го и главниот Хелсинки, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според предлогот, на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само поради ограничени причини, како што е набавка на храна, а кршењето на мерките ќе се казнува.
За заклучувањето, кое би било прво во Финска од почетокот на пандемијата, треба да се изјасни парламентот, а потоа оди на проценка во Комитетот за уставно право. На почетокот на овој месец владата ги затвори рестораните и средните училишта низ целата земја.