Финска ќе им дава по 5.000 евра на мигрантите за да ја напуштат земјата

by fokus

Финските власти донесоа одлука да му исплаќаат по 5.000 евра не секој мигрант, кој ќе реши доброволно да ја напушти оваа скандинавска земја.

Властите се решија на ваквата мерка бидејќи се помал број мигранти што пристигнале во Финска се решаваат да си заминат од земјата.

– Сакаме да ги охрабриме да си одат дома. Во земјата моментно има илјадници лица на кои им е одбиено барањето за азил. Тие немаат дозвола за престој и нивното издржување станува се поскапо, изјави претставничката на финската Канцеларија за миграција, Тарја Рантала.

Финска досега на миграните кои ќе решеа доброволно да ја напуштат земјата им исплаќаше еднократна помош во висина од 2.500 евра.

Но, и покрај ваквата мерка, бројот на мигранти што ја напуштија Финска се намали од 1.422 во 2017 на 646 во текот на минатата година.

Поврзани новости