Финска и Шведска влегуваат во НАТО ако Русија ја нападне Украина, вели Расмусен

by fokus

Финска и Шведска ќе можат да се приклучат кон НАТО уште првиот ден по поднесеното барање, а дискусиите за ова прашање би можеле да почнат во случај на ескалација на ситуацијата во Украина, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

-Доколку Финска и Шведска поднесат барање за приклучување, одлуката можеме да ја донесеме под итно. Можете да станете членка следниот ден бидејќи ги исполнувате сите неопходни критериуми за членство, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО за финската јавна телевизија Yle.

Според него, во текот на преговорите со претставниците на НАТО во Европа, Русија побарала „да стави вето на проширувањето” на блокот.

-Вратите на НАТО ќе останат отворени и не сакаме Владимир Путин да се однесува како портир… Мислам дека рускиот напад ќе предизвика дискусии во Финска и Шведска за влез во НАТО… Така што цената на нападот на Украина ќе биде исклучително висока за Путин, рече Расмунсен.

Во исто време тој кажа дека не верува дека Русија ќе ја „нападне“ Украина.

Поврзани новости