НОВ СУДСКИ ПРЕСЕДАН на Апелациониот суд, во кој е директно вклучен судијата известител и претседател на советот за предметот „ТНТ“ , Ѓоко Ристов, реагира „ФИНЕ“.
„Само за потсетување на јавноста, овој судски процес „ТНТ“ на 20 мај 2022 година заврши со кривична пресуда во која беа осудени неколкумина, помеѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски.
На 8-ми Мај 2023 е одржана јавна седница на Апелациониот суд за овој предмет. Иако рокот за да се донесе Одлука после оджаната Јавна седница е 60 денови согласно ЗКП, судијата известител и претседател Ѓоко Ристов и со надминати рокови свесно се уште не го става преметот на гласање, иако Пресудата мора да го носи датумот на одржанта јавна седница 8ми мај 2023.
На веб страната на апелациониот суд незаконски е закажана НОВА ЈАВНА СЕДНИЦА во понеделник на 6 ноември 2023 во 9 часот и 30 минути.
Со новата седница се прави обид да се оживее предметот иако правно завршен, притоа, ако истата се одржи дава за право да веруваме дека се врши ПРЕСЕДАН со прекршување на законот од страна на известителот и претседател на совет за предметот „ТНТ“, се со една единствена цел, а тоа е да се констатира застарување на овој предмет.
Судијата ивестител и претседател на совет со ваквите дејствија оди во насока на спасување на осудените лица, но на огромна материјална штета на ТД ФИНЕ.
Со цел да ја информираме јавноста за преседанот кој се случува пред нашите очи, Ве покануваме на прес конференција на која ќе ги споделиме со јавноста сите факти и податоци со кои располагаме и кои укажуваат на сериозни кршења на законот, со цел да се спречи правдата.
Прес конференцијата ќе се одржи утре, во хотелот АЛЕКСАНДАР ПАЛАС , НЕДЕЛА 5 ноември во 12 часот“, велат од компанијата.