Финансискиот стрес е најсилниот стрес што го погодува современиот човек, покажа британско научно истражување.
Истражувањето, кое опфатило 5.000 возрасни лица на возраст од 50 и повеќе години, покажало дека меѓу проучуваните стресови, како што се тешка загуба, инвалидитет, болест и развод, финансискиот стрес се издвојува како најштетен.
Научниците од Колеџот во Лондон и Универзитетот Кинг ја истражуваа врската помеѓу хроничниот стрес и здравствените индикатори кај постарите групи на население.
Испитувајќи четири биомаркери: кортизол, Ц-реактивен протеин, фибриноген и инсулин фактор на раст-1, студијата покажа дека финансиските проблеми ги прават кај повеќето испитаници 60 отсто поголеми шансите да имаат „здравствени профили со висок ризик“ во рок од четири години.
Резултатите беа објавени во списанието „Brain, Behavior, and Immunity“.
Финансискиот стрес е најштетен за биолошкото здравје, посочуваат експертите. Неговото инвазивно влијание врз различни аспекти од животот потенцијално води до семејни конфликти, социјална исклученост, глад или бездомништво, пренесува SEEbiz.