384
Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми денеска истакна дека во рамки на предистражната постапка за проневерени околу 11 милиони евра преку тендер спроведен од владината Служба за општи и заеднички работи, што го добила компанијата Секјуриком, меѓу другото, запленето било патничко возило што ги поврзува инкриминираните страни.
-Пронајдена е документација која покажува дека возилото е купено од компанијата што го добила тендерот, додека со полномошно го користел првоосомничениот – рече Муареми.
Според него, доколку на оваа јавна набавка не се избегнала конкурентноста, цената значително би се намалила по пат на негативно наддавање на електронска аукција.