Финансиската полиција ќе го испитува работењето на МРТ

by fokus

Финансиската полиција ќе ги истражува наодите на Државната ревизија за неправилности во работата на Македонската радио телевизија, објави телевизија Алсат М. До архивата на Полицијата е доставен конечниот Ревизорски извештај за 2017 година.

-Управата за финансиска полиција ќе постапи по истиот и согласно добиените наоди ќе биде известено и надлежното јавно обвинителство, велат од Управата.

По допрен глас, предмет за несовесното работење на јавниот сервис ќе отвори и Антикорупциската комисија, која се уште ги анализира наодите на државниот ревизор.

Поврзани новости