Финансиска полиција влезе во прилепската болница

by Fokus

Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години.

Според Кире Јоноски, директор на Болницата, контролата почнала вчера.

– Финансиската полиција го испитува работењето на Болницата во последните години. За одредени финансиски нелогичности како ново раководство укажавме. Контролата започна вчера,- потврди Јоноски.

Финансиската полиција врши проверка и ова е во предистрага.

Поврзани новости