Финансиската полиција извршила проверки во општина Тетово за некои случаи на поранешниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети.
Сегашниот градоначалник на Тетово, Биљал Касами изјави дека тоа е политички притисок, бидејќи како што вели, Финансиската полиција како да немала време да ги процесуира овие случаи додека на чело на општина била Теута Арифи.
Денеска, пред да дојдам овде, ме посети Финансиската полиција со изговор дека контролира некои случаи на поранешниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети од пред 8 години. Така, тие немаа време во рок од 8 години додека Теута Арифи беше градоначалник на Тетово да ги процесуираат овие случаи. Во моментот кога Биљал Касами доаѓа на чело на Тетово, и покрај сите други проблеми што ми ги остави во наследство, денеска ме посетува и Финансиската полиција и оценувам дека тоа е политички притисок, изјави Билал Касами.