Finance Think: Задолжувањето ќе го крене јавниот долг на ниво од 51,7 % од БДП

by fokus

По објавата на Владата за ново задолжување од 650 милиони евра експертите се убедени дека станува збор за недоволно осмислена мерка која може да има последици врз економијата. Од Институтот Finance Think го повикаа Министерството за финансии да изврши преоценка на износот на позајмувањето, во насока на негово значително намалување.

„За која намена ќе се потрошат парите од еврообврзницата во најава, особено имајќи предвид дека во услови на намален економски раст, ова задолжување станува релативно скапо?

Најавеното задолжување е во износ од 6.7% од бруто домашниот производ. Со ова задолжување, јавниот долг ќе се искачи на 5 милијарди евра, односно 51.7% од БДП. По глава на жител, јавниот долг изнесува над 2.500 евра.

Со оглед на високите износи, останува отворено клучното прашање за трошењето/намената на позајмените средства. Дополнително, цената (каматната стапка) на еврообврзницата ќе биде значително повисока од моментално-генерираниот економски раст, што имплицира дека ова позајмување е скапо“ велат од институтот.

Поврзани новости