84
Во акција како од филм, синоќа во Куманово од 63-годишен кумановец одземена е торба со пари, информираа од СВР Куманово.
На грабежот, како што велат од СВР Куманово, му претходеле пукотници. Прво неколку лица со џип удриле во друг автомобил, а потоа пред да ја одземат торбата со пари пукале од огнено оружје.
Од кумановската полиција велат дека настанот се случил во 20:20 часот, кога патничко моторно возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во возило „пасат“ со кумановски таблици управувано од 63-годишниот кумановец С.С..
По сударот, неколку лица пукале кон возачот на „пасатот“ и му одзеле торба со пари. Подоцна, додаваат од СВР Куманово, „ренџ роверот“ го запалиле.