Филмот за кучето Жиле – херојот од Попова Шапка

by Фокус

Документарниот филм за кучето-херој Жиле вчера го промовираше авторката Мери Јордановска, новинарка и познат борец за правата на животните. Присутните имаа можност да го видат документарецот, додека за остананите сега го објавуваме филмот во целост.

Во февруари годинава некој го застрела Жиле со пиштол за време на Шарпланинскиот куп. Алфа мажјакот на Шапка остана парализиран и за неговото здравје се грижеа активисти цели седум месеци.

Со нивна помош Жиле сега е во САД, каде го згрижи едно семејство од Пенсилванија кое бараше чувар за нивната шест годишна ќерка со здравствени проблеми.

Автори на филмот се Мери Јордановска и Саше Димовски, камера Трајче Антоновски, монтажа Радован Петровиќ, наратор Предраг Петровиќ.

Поврзани новости