Филмот „Ругање со Христос“ се враќа во киносалите во Скопје

by Fokus

Филмот Ругање со Христос ќе може да се прикажува во киносалите низ земјава. Државното правобранителство го повлече барањето испратено до Граѓанскиот суд за изрекување 30-дневна  забрана за емитување на филмот.

Барањето за времена забрана го покрена Министерството за култура, со образложение дека филмот е со етнички навредлива содржина и може да наштети на соживотот во земјава, но по неговата премиера констатираше дека времената забрана за емитување веќе нема правна основа.

Поврзани новости