516
Филмот Ругање со Христос ќе може да се прикажува во киносалите низ земјава. Државното правобранителство го повлече барањето испратено до Граѓанскиот суд за изрекување 30-дневна забрана за емитување на филмот.
Барањето за времена забрана го покрена Министерството за култура, со образложение дека филмот е со етнички навредлива содржина и може да наштети на соживотот во земјава, но по неговата премиера констатираше дека времената забрана за емитување веќе нема правна основа.