Филмот на Кристофер Нолан – „Опенхајмер“ води со 13 номинации на Оскарите

by Fokus

Утревечер на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки. Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации.

Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има 8 номинации.

Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.

Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.

Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди.

Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.

Поврзани новости